ЗА ТВОРЦИТЕ

Соработка на голем меѓународен тим

Едукативните интерактивни книги, прилагодени на возраста на децата, се плод на соработката меѓу бројни автори и стручњаци од различни подрачја – од писатели за деца и илустратори до меѓународен тим од признати развојни психолози под водство на ред. проф. д-р Матија Светина.

ред. проф. д-р Матија Светина, развоен психолог

Д-р Матија Светина дипломирал, магистрирал и докторирал психологија на Универзитетот во Љубљана. По докторатот се усовршувал на Универзитетот во Питсбург, САД. Како истражувач и професор гостувал на многу универзитети во Европа и во светот. Активно соработувал на домашни и меѓународни конференции, а бил предавач и на различни семинари и други образовни настани поврзани со развојот на децата и младите, наменети за воспитувачи, учители, лекари и други стручњаци.

д-р Весна Блажевска

Д-р Весна Блажевска е психолог и психодрама – психотерапевт. Активно работи во психолошка ординација и предава психотерапија. Докторирала на тема од педагошката и развојната психологија. Покрај тоа што работи како психотерапевт, декан е и на Факултетот за психологија при Универзитетот МИТ во Скопје, каде што предава предмети од областа на психологијата за деца и млади. Автор е на бројни научно-истражувачки статии, поврзани со личниот развој, трауматичните развојни фактори и факторите кои влијаат врз семејната динамика.

Писатели

Татјана Кокаљ

Татјана Кокаљ е сестран стручњак и писател. Пишува книги за деца и млади, а соработува и при пишување учебници за основно училиште. Објавува и стручни статии од областа на воспитувањето. Некои нејзини дела се преведени на странски јазици и повеќепати е номинирана за различни книжевни награди.

Ања Кокаљ

Ања Кокаљ е одделенска наставничка, раскажувачка, илустраторка, а понекогаш се претвора и во кукларка. Многу ужива во работата со деца, особено ако на распоредот има час по раскажување или творење. До сега има издадено една сликовница, неколку преводи на книги за деца и млади, а пишува и дидактички задачи за различни списанија за деца. Работела и како илустраторка.

Многу сака да чита, гласно на децата, а тивко – себеси, навечер пред да заспие.

Цветка Соколов

Призната авторка на книги за деца и млади, повеќепати номинирана за различни книжевни награди. Има издадено повеќе сликовници, раскази и романи. Нејзините песни и раскази излегуваат во списанија за деца. Исто така има напишано и неколку сценарија за програмата за деца на РТВ Словенија и по нарачка на Националниот институт за јавно здравје. Некои нејзини дела се преведени и на странски јазици.

Жига Гомбач

Жига Гомбач е сестран креативец, во областа на литературата познат пред сè по бројните сликовници, стрипови и раскази за деца и млади.

Маша Огризек

Маша Огризек живее и работи во Љубљана. Прво работела како критичарка и новинарка, а последните години сè повеќе се потврдува како писателка за млади. Досега има издадено десет книги. Според нејзината книга Koko Dajsa v mestu се снима серија кратки анимирани филмови, а според книгата Gospa s klobukom – радиска претстава (Радио Словенија).

Јања Видмар

Јања Видмар е една од најугледните и најпризнатите писателки за деца. Професорка е по словенечки јазик и педагогија. Има своја фирма и покрај книги за деца и млади, пишува и сценарија и соработува на различни проекти.

Илустратори

Енрике Тортоса

Енрике Тортоса е шпански илустратор кој сака да си игра со светлината и со текстурите, а боите ги користи за со нив да создава различни илузии. Работи со најразлични дигитални и традиционални алатки и техники. Досега работел за глобални фирми и трговски марки, како што се: Universal studios и Coca Cola.

Матеј де Чеко

Матеј де Чеко својот уметнички пат го започнал со преведување и толкување, а потоа се запишал на Академијата за визуелни уметности А.V.А. Воопшто не изненадува фактот што поголемиот дел од неговите преведени дела се тесно поврзани со цртањето, поточно со стрипот. Особено стана познат по соработката со Боштјан Горенц – Пижама, со кој се извонреден тандем. Заедно работеа на расказите за Пилко, Чопка и за кучето Шнофи.

Роберт Валчич

Kot se za romantika spodobi е плакат за училиштен танц и е прво негово објавено дело. Читателите на весникот „Приморске новице“ 13 години ги забавувал со своите стрипови, а во аерографијата создал и неколку вредни дела. Последните години работи илустрирани прикази и развој на илустрирани ликови.

По напорната работа, се одмора така што гледа низ прозорецот кон морската шир во Копер.

Јака Вукотич

Јака Вукотич црта и илустрира уште од мали нозе. Автор е на цртежи за бројни книги, а неговите илустрации редовно ги објавуваат во различни учебници и списанија за деца и млади. Покрај тоа, тој црта и стрипови.

Маја Веселиновиќ

Маја Веселиновиќ во Белград дипломирала на Факултетот за дизајн, а завршила и висока школа за ликовна уметност. Работи како самостојна илустраторка, графички дизајнер и авторка на стрипови. Во соработка со бројни издавачки книги, фестивали за деца и културни установи од својата земја и странство илустрира книги, списанија, плакати, учебници и образовни публикации, наменети за деца. Држи и работилници и слични креативни настани поврзани со ликовното воспитување за претшколски и за деца од основното образование. Маја Веселиновиќ има освоено повеќе домашни и меѓународни награди, а досега имала и 14 самостојни и повеќе од 60 заеднички изложби.

Биљана Н. Стојановска - (Преведувачко биро: ПСД Груп д.о.о. Словенија)

Биљана Н. Стојановска дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Лекторира текстови на македонски јазик, а преведува од словенечки и од хрватски јазик. Прв нејзин книжевен превод е „Паника“ од словенечката авторка Деса Мук. Од хрватски пак, го превела романот „Возот в снег“ од Мато Ловрак.