ЗА ПРОЕКТОТ

Во денешно време се нудат многу повеќе играчки, книги, цртани, игри и други работи за деца за разлика од порано. Од една страна, тоа ни овозможува да имаме избор, а од друга – нас родителите нè става пред тешка одлука: Што да се избере? Во ваква продукција на содржини исклучително е тешко да се одделат квалитетните од помалку квалитетните или дури од сосема несоодветните содржини за деца.

Ако кон ова ги додадеме и содржините на интернет, каде што децата доаѓаат во контакт со непримерни содржини, кои и покрај сè, се означени и наменети за деца, проблемот станува сè поголем. Од оваа причина создадовме дигитална збирка со поучни интерактивни приказни за деца на различна возраст. Работевме со двајца признати развојни психолози и со тим од признати писатели за деца и илустратори.

Овие книги го поттикнуваат развојот на когнитивните способности кај децата на различна возраст и претставуваат забавни и корисни содржини, со кои децата со задоволство ќе се дружат и од кои ќе имаат голема корист.

Повеќе за книгите

Зошто одлучивме книгите да бидат интерактивни?

Многу психолошки теории и истражувања покажуваат дека читањето и решавањето задачи се корисни активности и дека позитивно влијаат врз развојот на различните способности. Многу значајно во детството е развојот да се одвива брзо зашто подоцна во животот тој има клучно значење. Токму поради тоа, читањето и решавањето задачи, и соработката со развојните психолози уште на почетокот ги избравме за основни сегменти на нашиот проект.