ЗА КНИГИТЕ

Уникатен формат што го поттикнува развојот на когнитивните способности

Книгите се плод на повеќемесечната соработка меѓу признатиот развоен психолог, писателите за деца и илустраторите, при што посебно внимание посветивме на тоа приказните, задачите и игрите да бидат поврзани меѓу себе и да се целосно прилагодени на возраста на децата. На тој начин создадовме уникатен формат на приказни за деца, кои со помош на интегрираните игри и задачи го поттикнуваат развојот на различните когнитивни способности.

Прилагодени на возраста на децата

Книгите ги распоредивме во 3 возрасни групи, и тоа за 4-5, за 6-7 и за 8-9-годишни деца, кои се соодветни според развојниот степен на когнитивните способности. Поделбата придонесува за поголема прегледност и за основна ориентација, а секако, корисно е и ако децата ги проверат и книгите за поголема или помала возраст.

Приказни

Приказните ги пишуваа различни признати писатели за деца, па според содржината и структурата се прилагодени на возраста. Сите приказни се поучни и содржат позитивна поука.

Игри и задачи

Тежината на игрите и задачите е одредена, така што децата на определена возраст во зоната на т.н. близок развој, да ги поттикнува да преминат на повисоко развојно ниво. На овој начин, задачите и игрите се доволно тешки за да им бидат интересни на децата, а од друга страна да им користат за развојот на различните когнитивни способности.

Книгите се засновани на 23 различни стручно избрани типови задачи и игри, кои се корисни за развојот на различните когнитивни способности на избраната возраст. Во рамките на шесте приказни настанаа 102 уникатни задачи и игри, потврдени од страна на развоен психолог.