
Поучни приказни со интерактивни задачи, кои го поттикнуваат когнитивниот развој на децата.



Целта на проектот

Во денешната масовна продукција на содржини тешко е да се одделат квалитетните од помалку квалитетните производи. Овој проблем е поголем на интернет, каде што децата постојано доаѓаат во контакт со непримерни содржини. Поради таа причина создадовме дигитална збирка од поучни интерактивни приказни за деца на различна возраст. На приказните работевме со признати развојни психолози и со тим од писатели за деца и илустратори.
Творци

Приказните ги создадоа признатите писатели за деца: Жига Гомбач, Цветка Соколов, Јања Видмар и други. Приказните заживеаја со помошта на одличните илустрации на признатите илустратори: Енрике Тортоса, Роберт Валчич, Матеј де Чеко и др. Развојниот психолог ред. проф. д-р Матија Светина и д-р Весна Блажевска, заедно со меѓународен тим развојни психолози се погрижија видот на задачите и нивата тежина да бидат соодветни и да го поттикнуваат развојот на когнитивните способности кај децата.
Бесплатни боенки „Авантурите на Јуниор“

Во рамките на проектот, заедно со илустраторите подготвивме и привлечни боенки со јунаците од приказните. Ако сакате да ја поттикнете и ликовната креативност кај вашето дете, може да ги добиете во ПДФ-облик во вашата е-пошта.